Рим, 28. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалскиот сојуз на Италија го избра тренерот на Наполи, Маурицио Сари, за најдобар стратег во Италија за 2016 година.
Тој доби најмногу гласови во овој избор, пред Масимилијано Алегри од Јувентус и Еузебио ди Франческо, тренерот на Сасуоло.
Екипата на Наполи оваа сезона со Рома се бори за втората позиција во Серија А, која води директно во ЛШ додека Јувентус и понатаму е неприкосновен на врвот на табелата. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 21