Подгорица, 28. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Американскиот Сенат даде зелено светло за завршување на расправата за ратификацијата на договорот со кој Црна Гора би станала најмладата членка на НАТО.
Сенаторите гласаа со 97 наспроти два гласа во полза на завршувањето на расправата за приемот на оваа земја.
Против се изјаснија двајца републикански сенатори – Ренд Пол и Мајк Ли, според кои нема смисла да и се гарантира безбедност и одбрана на толку мала земја.
Синоќешното гласање ја отвора вратата кон крајов на неделава во Сенатот да се спроведе гласање оваа поранешна југословенска република да биде дел од Северноатлантската алијанса. (Крај)
извор: Макфакс фото: архива
Прочитано: 34