март 28, 2017

Барселона, 28. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Како што пренесува каталонскиот весник „Спорт“, Жозе Мурињо бил подготвен да ја активира откупната клаузула во договорот на Нејмар која изнесува неверојатни 200 милиони евра.

Според истиот извор Јунајтед е подготвен да му понуди годишна плата од 25 милиони евра на бразилецот, што е многу повеќе од 16 милиони евра колку што заработува во Барса и дресот со број 10 на Вејн Руни, кој по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот.

„Спорт“ пишува дека доколку пристигне ваква понуда за бразилецот на „Ноу Камп“, никој во клубот нема да остане рамнодушен на неа. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука