Охрид/Скопје, 29. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Порталот „Vouchercloud“ објавил мапа која ги покажува најинтересните работи кои би требало да се видат во секоја земја на светот.
Дестинациите се поделени во зависност од тоа дали се природни или културни споменици.
Во Македонија, очекувано, се издвојува Охрид и Охридското Езеро. Со оглед на тоа дека градот располага со бројни културно историски споменици, но и природни богатства и атракции, на мапата е означен во повеќе категории.
На оваа листа има 97 земји, со дури 76 природни атракции, 54 се историски атракции, 29 земји со религиозни атракции и 38 со таканаречени туристички атракции.
Од земјите на Балканот издвоена е Хрватска со ѕидините од старите градови, Црна Гора со Которскиот Залив, а во Србија – Калемегдан. (Крај)
извор: Vouchercloud фото: Vouchercloud