Охрид, 29. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ексклузивна работилница за стартап основачи ќе се одржи во Охрид, на која ќе се претстави Џон Бигс, уредник на TechCrunch во САД.
Оваа работилница е наменета САМО за основачи на стартапи и има за цел преку практични совети и техники да им помогне на истите, за тоа како да го добијат вниманието на интернационалните медиуми, како стартап кој доаѓа од мал пазар / мала земја. Џон ќе сподели совети, примери и идеи од своето долгогодишно искуство за работи што можете да ги направите за да се подобрат вашите шанси да го добиете вниманието од глобалните медиуми, како начин за добивање пристап до повеќе клиенти, па дури и за инвестиции на меѓународно ниво.
Работилницата ќе се одржи во сабота, 8-ми април, во склоп на овогодинешниот Codefest Tech Festival во Охрид. Сите стартап основачи кои се заинтерсирани да бидат дел од оваа работилница, може да се пријават само преку Brainster и принципот на регистрација е прв-дојден-прв-услужен.
Џон Бигс е претприемач, консултант, писател, и творец. Тој има петнаесетгодишно искуство како уредник на Gizmodo, CrunchGear и TechCrunch и има длабока позадина во областа на хардвер стартапи, 3D печатење, и blockchain. Неговата работа била дел и од Men’s Health, Wired, и New York Times. Има напишано пет книги меѓу кои е најдобрата книга за блогирање – Bloggers Boot Camp, и книга за најскапиот часовник некогаш направен – Marie Antoinette’s Watch. Тој живее во Бруклин, Њујорк.
Присуството на Џон Бигс на Codefest како говорник и инструктор за оваа година е овозможено благодарение на поддршката од Швајцарската програма за претприемништво (#SwissEP), проект поддржан од Швајцарската Влада и Swisscontact. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива