Скопје, 29. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Македонската А репрезентација ја победи Белорусија со 3:0 на пријателскиот натпревар на Националната арена во Скопје.Нашиот најдобар репрезентативен тим одигра квалитетно, во текот на целиот меч доминираше и заслужено славеше убедлив триумф.
Стефан Спировски постигна гол за водство во 40. минута, потоа следуваа двата гола на Пандев во 61. и во 70.минута. Младиот фудбалер на Келн Дарко Чурлинов стана најмладиот репрезентативец во нашата А репрезентација. Селекторот Ангеловски го стави во игра во 82. минута кога влезе во игра место Езџан Алиоски.
Претходно македонската репрезентација до 21 година ја победи Бугарија со 1:0 во пријателски натпревар одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје со голот на Марјан Радески во 43.минута. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: ффм