Охрид, 30. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ученици од ОУТУ „Ванчо Питошески“ од Охрид се натпреваруваа на Меѓународниот натпреварот за десерти во рамките на „Шумадија Сајам“ – Саем за чоколадо и топли напитоци во Крагуевац.
Како дел од тимот на Гастромак – Македонија, под менторство на Влатко Ѓоргиески, ученичката Анастасија Чутрова освои два медали, средбрен и бронзен. Бронзениот медал го освои во категоријата чоколаден десерт индивидуално, а сребрениот медал екипно чоколаден десерт.
Минатиот месец на Меѓународниот гастрономски натревар во Истанбул Анастасија Чутрова и Кристијан Китанов од средното училиште „Ванчо Питошески“ освоија сребрен и бронзен медал. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОУТУ „Ванчо Питошески“
Прочитано: 19