Загреб, 30. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Осум од десет хрватски воени хеликоптери се приземјени.
Според хрватските медиуми причината е дотраеност на нивните ресурси. Тие тврдат дека со тоа се загрозени спасувачките операции за време на туристичката сезона. Од Министерството за одбрана пак, ја демантираат оваа информација.
Активностите на приземјените руски воени хеликоптери ќе ги извршуваат летала постари од нив, а во ресорното министерство велат дека помошта на повредените не е доведена во прашање.
Овие летала се произведени во Русија, а властите сеуште немаат одлучено кој ќе ги врши ремонтот.
Како можни опции покрај Русија се споменуваат Украина и Словачка. (Крај)
извор: МИА фото: архива
Прочитано: 30