Скопје/Охрид, 30. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – До утре, 31 март, правните лица регистрирани за трговија и преработка на земјоделски производи треба да ги достават податоците за планираниот откуп оваа година и за купеното лани.
Казната за неисполнување на оваа законска обврска е 1.500 евра.
Фирмите кои тргуваат и преработуваат земјоделски производи секоја година мора да пријават колкави количества храна ќе купуваат од земјоделците. Откуп на земјоделски производи може да вршат само правни лица кои се регистрирани за трговија и за преработка.
Триесет дена пред почетокот, трговецот мора да го пријави и местото каде што се наоѓа откупниот пункт заедно со истакнати откупни цени. Продажбата, исто така, мора да се врши со писмен договор меѓу купувачот и земјоделецот. Фирмата што купува мора да има објекти и опрема за преземање, сортирање, складирање и чување на земјоделските производи. Доколку нема сопствени, пунктовите кои ги користи откупувачот мажат да бидат позајмени или закупени. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива