Охрид, 30. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско – кичевската епархија ги известува православните верници дека утре, 31-ви март, во црквата Успение на Пресвета Богородица Каменско, со почеток во 17:00 часот, ќе се служи мало повечерие со Акатист на Пресвета Богородица, (последен во Великиот пост).
На Акатистот ќе богослужи Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.
Богослужби ќе има и во сите парохиски цркви. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 23