Кичево/Охрид, 31. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Кичевската полиција поднесе кривична пријава против44-годишниот Г.М. од Кичево и 55-годишниот П.П. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело кражба.
На 16 март во Кичево од магацин лоциран на магистрален пат Кичево-Охрид, пријавените со товарно возило влегле во кругот на претпријатието и без да бидат забележани од никого одзеле метални предмети оштетувајќи го претпријатието за околу 180.000 денари.
По ова пријавените предметите ги продале во отпад за старо железо во Кичево. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 56