Охрид, 31. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на утрешниот ден – 1 Април, Меѓународниот ден на шегата, најмладите охриѓанчиња со нивните маски продефилираа на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“.
Децата низ игра и песна го одбележаа овој ден, кој секоја година традиционално ги обединува во центарот на Охрид. Учесници во музичко – забавната програма се децата од објектите на детската градинка „Јасна Ристеска“, како и учениците од нижите одделенија на основните училишта. Доминираат маски, кои ги претставуваат омилените ликови на децата од бајките, цртаните и играните филмови, маски со мотиви од пролет, но и уникатни рачно изработени маски, кои се комбинација на детската фантазија и реализација.
Утре, пак, за денот на шегата во дел од охридските локали ќе можат да се забавуваат и повозрасните граѓани. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес