Москва, 31. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Веќе со децении наназад има топење на глечерите, но човештвото не е предизвикувач на глобалното затоплување.
Ова меѓу другото го истакна рускиот претседател Владимир Путин, на Арктичкиот самит кои се одржува во Архангелск. Путин при посетата на архипелагот Земјата на Фрањо Јосиф, во арктичкиот круг, истакна дека глобалното затоплување почна во 30-тите години од минатиот век.
Во тоа време сѐ уште немаше антрополошки фактор како што е емисијата на штетни гасови.
Рускиот претседател потенцираше дека е невозможно да се спречи глобалното затоплување кое би можело да е поврзано со глобалната промена на циклусот на планетата Земја. Но, прашањето е нашето прилагодување кон овој процес. (Крај)
извор: МИА фото: архива/russia today