април 1, 2017

Охрид, 1. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Возбудата кај селектираните 22-ца полуфиналисти во талент шоуто Ohrid SUPERSTAR станува се поголема.

Утре ќе се одржи полуфиналето во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид, со почеток во 11 часот. Во меѓувреме, се продаваат билетите, кои можат да се набават во Music Shop ZZ Top, „Тамаро 5“ маркетoт на Булевар „Туристичка“ кој работи 24 часа и во студиото на Супер радио. Со нив публиката ќе може да гласа. Жири комисијата ќе одбере 5 учесници кои ќе влезат во финалето, а публиката ќе има можност со своите гласови да одбере уште двајца. На билетите се наведени имињата на сите кандидати кои влегоа во полуфиналето. Ќе треба да се заокружи името на еден фаворит и да се остави во посебно обележаните кутии во фоајето при Центарот за култура.

polufinalebilet

А во пресрет на утрешното полуфинале, вечерва ќе се емитува снимката од втората елиминациона аудиција, со почеток во 20:45 часот на регионалната О2 телевизија.

Организаторите на шоуто обезбедија богати награди за учесниците: парична награда од 2.000 евра, снимање на песна и видео спот со Даниел Јовески и старт на Тв и Радио проект. Сите заинтересирани ќе можат да добијат дополнителни информации и на официјалната страна на Facebook.

Носители на проектот се Супер радио и охридските „Тамаро“ маркети, а главен медиумски партнер е регионалната О2 телевизија. Медиумски поддржувачи се и порталите: Ohrid1, OhridNet, OhridPres, WebOhrid, Ohrid24, StrugaOnline и Inpress, како и струшкото Плеј радио. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука