април 1, 2017

Мајами, 1. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Роџер Федерер по три часа и 15 минути борба и три тај-брејка,го победи Ник Кирјос со 2-1 во сетови (7-6,6-7,7-6) и обезбеди финале на Мастерсот во Мајами.

И покрај поразот, австралискиот тенисер потврди дека се наоѓа во одлична форма на почетокот од оваа сезона иако не успеа да му го нанесе вториот пораз на Федерер годинава.

Во финалето кое е на програмата утре Федерер ќе игра против Рафаел Надал, кој претходно со 6-1,7-5 славеше против Фабио Фоњини.Федерер и Надал ќе играат по 37. пат, шпанецот води со 23-13, но Федерер ги доби последните три пресметки меѓу кои и финалето на Австралија Опен.

Вечерва во финалето кај дамите од 20.00 часот ќе играат Јоанa Конта и Каролин Возниацки. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука