април 1, 2017

Охрид, 1. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од Здружението за заштита на животните „Анималија“ од Охрид реагираат дека труењето на животни во Охрид не престанува.

Утрово активисти на Здружението пронашле отруено куче сред детско игралиште.

– На исто место, во близина на градинка и училиште. Повикавме и полиција, должност ни е штом некој ги прекршува законите и труе животни наоколу. За жал од полицијата велат дека немале ингеренции. Зар треба да се случи поголема трагедија, дете да дојде во допир со отровот?, прашуваат од „Анималија“ и остро реагираат преку социјалните мрежи.

Членовите планирале храната со отров да ја пратат на форензика, за да се најдат евентуални отпечатоци, но од полицијата биле посоветувани дека нема шанса да се дојде до таков доказ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Климент Арнаудов

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука