април 2, 2017

Охрид, 2. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вкупно 22-ца кандидати денес ќе се натпреваруваат во полуфиналето на Ohrid SUPERSTAR.

Настанот ќе се одржи со почеток во 11 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“. Публиката денес за прв пат ќе има можност да гласа за својот фаворит. Жири комисијата ќе одбере 5 учесници кои ќе влезат во финалето, а публиката ќе има можност со своите гласови да одбере уште двајца. На билетите се наведени имињата на сите кандидати кои се во полуфиналето. Ќе треба да се заокружат името на еден фаворит и да се остави билетот во посебно обележаните кутии во фоајето при Центарот за култура.

Во полуфиналето се натпреваруваат: Ана Марија Кунеска, Емилија Петровска, Ирма Гогова, Андреа Јованоска, Илија Богданоски, Кристијан Танески, Роберт Сошански, Христијан Николоски, танцовата група „The Passengers“, Светлана Вељаноска, Катерина Трајковска, Мухамет Осман Џиџи, Филип Симоноски, бендот „High Voltage“, Ивана Коскоска, Мила Василеска, Викторија Донеска, Ангела Маркоска, Надица Наумоска, Билјана Буџакоска, Сара Петреска и бендот „Barel Row“.

Финалето на Ohrid SUPERSTAR ќе се одржи на 9-ти април со почеток во 11:00 часот во големата сала при Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука