Избор Струга

Викендов настанал пожар на Јабланица, населението помогнало во гаснењето

Струга, 3. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вчера попладне бил регистриран голем пожар на планината Јабланица.

Пожарот над Вевчани бил локализиран од страна на месното население. Опожарена била борова шума од околу 20-тина хектари шума. Причина за пожарот е човечки фактор, пишува Охрид 1.

Пожарот бил во непосредна близина на месноста викана „Смолејца”. (Крај)

извор: Охрид1 фото: Охрид1

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука