Охрид, 3. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вчера, во организација на Лихнид 2012, во Охрид се одржа фајналфорот во женска кадетска конкуренција. Се играше во салата “Билјанини Извори“, а насловот го бранеше тимот на ЖРК Металург.
Учествуваа екипите на ЖРК Металург, Вардар СЦЈС, Куманово и на Лихнид 2012, поделени во две полуфинални двојки, според успехот од групната фаза.ЖРК Металург во полуфиналето играше со Лихнид 2012 каде забележа победа од 28-10 ,додека во вториот полуфинален дуел помеѓу Вардар СЦЈС и Куманова победија скопјанките со 23-22.
Во финалето ЖРК Металург против Вардар СЦЈС славеше с0 26-21 а со овој триумф кадетките го вратија шампионскиот пехар во витрините на Металург.Во борбата за утешното трето место Лихнид го совлада Куманово со резултат 27:25.
По завршувањето на натпреварите беше избран и идеалниот тим на турнирот:
Лево крило: Бојана Диневска (Вардар)
Лев бек: Јана Калајџиевска (Металург)
Среден бек: Мила Трајковиќ (Куманово)
Десен бек: Тамара Ивановска (Куманово)
Десно крило: Јована Кипријановска (Куманово)
Пивотмен: Ивона Блажеска (Лихнид)
Голман: Јована Мицовска (Вардар)
Јана Калајџиевска од ЖРК Металург е прогласена за најдобар играч на турнирот. (Крај)
извор: Спорт ТА / РК Металург фото: РК Металург