април 4, 2017

Скопје/Охрид, 4. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Kратометражниот игран филм „Види ја ти неа“ во продукција на „Црна мачка продукција“ и режија на Горан Столевски, се снимаше во периодот од 30-ти март до 2 април на повеќе локаци во Скопје и околината.

Една од главните улиги ги толкува актерката Сара Климоска.

Главната тема на филмот е за девојка Анета, која планира да ги реши сите проблеми дома и на училиште, скокајќи по крстот за Водици.

Во останатите улоги играат Пируника Киселички, Жарко Јовановиќ, Антонија Белазелкоска, Иво Антов, Виктор Арсов, Игор Ангелов, Симон Манасковски, Изабела Новотни, Милица Стојанова и Горан Илиќ.

snimanjevidijatinea

Покрај режијата Горан Столевскиќе се потпише и како сценарист на филмот, кинематографер е Наум Доксевски, сценограф Влатко Чачоровски, костимограф Жаклина Крстевска, тонец Братислав Зафировски, а шминката е на Наталија Кајевска. Продуценти на филмот се Димитар Минов и Кристијан Буровски.

Филмот е во продукција на “Црна мачка продукција“ во копродукција со “Скопје Филм Студио“, а финансиски подржан од “Агенцијата за филм на РМ“.

Инаку Сара, во август минатата година на 22-рото издание на Сараевскиот Филмски Фестивал беше единствениот претставник на Македонија. Климоска се занимава со танц и актерство. Предходно беше дел од актерската екипа од македонскиот филм „Џган“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука