Монако, 4. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Меѓународната атлетска федерација соопшти дека руската група „Фенси берс“ ги хакирала нивните документи.
Првите луѓе на ИААФ соопштија дека тоа се случило минатиот месец и дека нивна цел биле документите за дозволите за употреба на терапевтските лекови.
Хакерската група „Фенси берс“ минатиот септември „влезе“ во базата на Светската антидопинг агенција и ги обелодени имињата на спортистите кои употребувале забранети лекови, но со дозвола на ВАДА. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 18