Скопје/Охрид, 4. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридските бармени Даниел Новиќ и Виктор Савиќ имаа забележителен настап на 10-то Државно првенство на бармени, што се одржа во Скопје.
Тие учествуваа во категоријата класична подготовка на коктели. Согласно правилата во квалификациите тие подготвуваа по два, а во финалето по четири коктели.
И двајцата се едногласни дека учеството на ваков вид натпреварувања е големо искуство плус за нив.
Инаку, победник на годинешното првенство категоријата класична подготовка на коктели е Васил Пеевски со неговиот авторски коктел See you in Copenhagen.
Во втората категорија, флертендинг, првото место го освои Александар Бошев и неговиот Oriental Exotic коктел.
Победничките коктели и бармени кои ќе ја претставуваат Македонија на Светското првенство на бармени во Копенхаген, Данска. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Здружение на бармени