април 5, 2017

Охрид, 5. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Супер радио секојдневно преку редовната отворена програма ќе Ви ги претставува финалистите од талент шоуто Ohrid SUPERSTAR.

Како што истакнаа водителите, Александра Алексијевска и Даниел Наумовски, преку ваквите претставувања, Супер радио на публиката ќе ѝ овозможи да ги запознае најдобрите кандидати во поинакво светло и да откријат нешто од нивниот приватен живот.

Денес гости во студиото на Супер радио беа Ивана Коскоска и Билјана Буџакоска.

– Беше добро на полуфиналето, мислам дека беше добро и со матрицата. Песната која ја одбрав одговара на мојот глас. Сакам да се дружам, а преку шоуто Ohrid SUPERSTAR, обновив некои познанства со луѓе, кои ги знаев од порано. Малку ми е жал за некои кандидати кои отпаднаа. Во слободно време сакам да танцувам, вели Ивана.

– Задоволна сум од полуфиналето. Реакциите на училиште беа одлични, ми честитаа што сум се појавила на сцената и за пеењето. Околу моите активности, јас многу сакам да слушам радио. Јас со учесниците на Ohrid SUPERSTAR со најголемиот број се сретнав за прв пат. Сите ги следиме насоките кои нѝ ги дава жирито. Јас сум исто така и играорка, кажа Билјана.

Во врска со претствојното финале, Билјана и Ивана се согласуваат дека тремата доста ќе влијае на оставањето на добар впечаток. Тие ги повикаа сите заинтересирани да присуствуваат на финалето в недела и да го искористат својот билет за гласање.

Жири комисијата за финалето ги одбра кандидатите: Емилија Петровска, Ирма Гогова, Андреа Јованоска, Ивана Коскоска и Билјана Буџакоска.

Додека публиката им овозможи на танцовата група „The Passengers“ и Светлана Вељаноска да продолжат во финалето следната недела.

Слушајте и гледајте Супер радио преку фејсбук страницата во живо и во наредните денови, каде ќе имате можност да се запознаете и со останатите финалисти. (Повеќе фотографии од денешното гостување на финалистите во Супер радио и во бистро „Корнер“, можете да погледнете на официјалната страница на Ohrid SUPERSTAR.)

Што се однесува до големото финале, ќе се одржи на 9-ти април, недела, со почеток во 10:00 часот во големата сала при Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Повторно публиката ќе има можност да гласа и да го поддржи својот омилен кандидат. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука