Никозија, 5. април 2017 (ИНПРЕС) – Лидерите на турската и грчката заедница на Кипар постигнаа согласност.
Преговорите ќе продолжат на 11 април, соопштија од ОН. По седум недели прекин, договорот за продолжување е потврден по средбата во Брисел меѓу генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и лидерот на кипарските Турци, Мустафа Акинџи.
Преговорите за Кипар беа прекинати во февруари годинава, откако Акинџи го напушти преговарачкиот процес во знак на протест поради одлуката на Парламентот во Никозија за задолжително одбележување на годишнината од референдумот од 1950 година, на кој кипарските Грци се изјаснија за обединување на тогашната британска колонија Кипар со Грција. (Крај)
извор: МИА фото: архива
Прочитано: 30