Лондон, 5. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Менаџерот на Арсенал ,Арсен Венгер веќе планира кои фудбалери би останале, а кои би си заминале од лондонскиот клуб во текот на летниот преоден рок.
Венгер веќе се согласил за заминување на колумбискиот голман Давид Оспина, кој му беше резерва на Петр Чех и кој ќе ја продолжи својата кариера во екипата на Фенербахче.
Турскиот гигант се договорил со Арсенал висината на отштетата да биде седум милиони евра, а Оспина кој ќе го замени Демирел Волкан на голот од турскиот клуб,ќе потпише тригодишен договор за плата од 2,5 милиони евра по сезона. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 16