Милано, 5. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерот Костас Манолас по завршувањето на оваа сезона ќе ја напушти Рома и ќе се пресели во редовите на Интер.
Управата на „нероаѕурите“ најави големи инвестиции во летниот трансфер период ,а Манолас за кој Интер е подготвен да плати 43 милиони евра ќе биде првото засилување за тимот од „Џузепе Меаца“.
Манолас на „Олимпико“ пристигна во 2014 година од Олимпијакос и досега за „римската волчицата“одигра преку 120 натпревари. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 24