Охрид, 6. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ Охрид, ќе се одржи настан за историјатот на украсување и бојадисување на Велигденски јајца во Русија.
Настанот ќе се оддржи утре во просториите на библиотеката со почеток во 12 часот, а на истиот ќе присуствува почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид проф. д-р Велимир Стојковски. Настанот е под наслов „Историјат на украсување и бојадисување на велигденски јајца во Русија од древноста до колекцијата Фаберже“.
Во рамки на оваа активност посветена на празникот Велигден, посетителите ќе имаат можност да слушнат предавање за историјата и современите тенденции на уметноста на украсување на јајца, а исто така ќе може да земат учество во работилницата за уметничко украсување на декоративни велигденски јајца. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива