април 6, 2017

Цирих, 6. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – По победите против Лихтенштајн и Белорусија на најновата ФИФА ранг листа,Македонија напредуваше за 33 позиции, па овој месец ќе биде на 130. место.

Со 225 бода, македонската селекција конечно ги прескокна на листата селекциитее кои служат за потсмев во фудбалските светски кругови.

На врвот од ранг листата има промена на водечките позиции,после седум години сега Бразил е на чело пред Аргентина, а во топ 10 понатаму следат Германија, Чиле, Колумбија, Франција, Белгија, Португалија, Швајцарија и Шпанија. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука