април 6, 2017

Охрид, 6. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на училишните спортски лиги и во чест на Меѓународниот ден на спортот за развој и мир, Сојузот за училишен спорт под покровителство на локалната самоуправа Охрид организираше турнир во баскет во спортска сала „Билјанини Извори“.

slika 3

slika 8

slika 9

slika5

Турнирот беше наменет за основни училишта. Учествуваа повеќе од 80 ученици во машка и женска конкуренција.

Најдобри во машка конкуренција беа учениците од ОУ „Христо Узунов“, второ место освоија учениците од ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец, додека учениците од ОУ „Григор Прличев“и ОУ „Св.Климент Охридски“ го делеа третото место. Во женска конкуренција најдобри беа учениците од ОУ „Христо Узунов“, второ место за ОУ „Св.Климент Охридски“ и учениците од ОУ „Живко Чинго“- Велгошти и ОУ „Ванчо Николески “- Лескоец го делат третото место.

slika6

slika9

slika10

slika11sliki 2sliki1

Училишните спорски лиги продолжуваат наредната недела со натпревари во футсал за основни и средни училишта, најави Пеце Георгиевски, Претседетел на сојуз на училишен спорт Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука