април 6, 2017

Охрид, 6. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – При крај се подготовките за снимање на новиот филм на охридскиот режисер Илија Пиперковски.

Станува збор за игран долгометражен филм, насловен „Дедо и внук“, во продукција на Пандора Бокс од Скопје.

Во таа насока во недела од 17:00 до 22:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе се одржи кастинг за статисти.

– Може да дојдат сите заинтересирани, без разлика на возраста, значи од 7 до 77 години. Се надеваме дека ова ќе наиде на голем интерес, со оглед на тоа што режисерот е ваш сограѓанин, истакна Катерина Грубач, касинг директор на филмот.

Во изминатиов период ние направивме една обиколка низ основните училишта и направивме некоја селекција, од кои пред неделниот кастинг, во сабота, ќе одлучиме кој ќе биде внукот.

– Внукот всушност треба да е дете на возраст помеѓу 7 и 10 години, кое сака да игра фудабал и има желба да се појави на филмското платно, рече Јован Ристовски, соработник на кастинг директор.

Филмот ќе биде приказ на денешното време, релациите дедо и внук, татко и син. Значи ќе биде опфатен тој неминовен судир на генерации.

– Она што засега можам да го откријам е дека во филмот играат многу познати и реномирани актери од македонското глумиште, истакна Ристовски.

Целиот филм, сите сцени ќе бидат снимани во градот Охрид, во стариот дел на градот, како и низ урбаните градски средини.

Планирано е снимањето да започне во втората половина од овој месец и да трае четири до шест недели. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука