Охрид, 7. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – По вчерашниот прекин во водоснабдувањето на територијата на градот Охрид, утрово, пак, имаше краток прекин со напојување на електрична енергија.
Прекинот на струја траеше околу 5 минути, од 9:15 часот. Супер радио ја контактираше дежурната служба на ЕВН Македонија за подетални информации за настанатиот прекин на струја, а оттаму велат дека не стигнала дојава за никаков проблем од страна на електродистрибуцијата од Охрид.
Граѓаните се прашуваат дали, можеби, пред почетокот на туристичката сезона, службите и претпријатијата кои стопанисуваат со енергенсите, вршат пробна рестрикција. Се надеваат дека ваквите кратки прекини на електрична енергија нема да зачестат, поради што најмногу штета претрпуваат апаратите за домаќинство. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива