Брест, 7. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Шестото издание на СЕХА Гаспром лига ќе има најбогат награден фонд во историјата. Денес по редовното собрание е објавено дека четирите екипи кои ќе играат овој викенд во Брест ќе поделат 115.000 евра.
Победникот ќе добие парична награда од 45.000 евра, второпласираната екипа ќе се задоволи со 35.000, третопласираниот тим добива 25.000, а четвртиот 15.000 евра. Наградниот фонд за разлика од минатата година е зголемен за 35.000 евра.
Полуфиналните мечеви меѓу Вардар и ППД Загреб и Мешков Брест и Веспрем се играат попладнево во „Викторија арената“. (Крај)
извор: Gol.mk фото: Seha liga
Прочитано: 19