Охрид, 7. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Температурите во март годинава во Македонија биле за три степени повисоки од многугодишните просечни вредности.
Врнежите, пак, биле под просекот, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Средните месечни температури за март во Охрид се движеле до 8,8 степени.
Споредено со многугодишните просечни вредности тие се повисоки за три степени.
Средните максимални и минимални вредности на температурата на воздухот се над просечните вредности. Максималните температури се повисоки за четири, а минималните за два степена. (Крај)
извор: Метео/ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 26