Охрид, 8. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот охридски ланец маркети „Тамаро“, од понеделник за своите купувачи нуди нова поволност и најавува нов бренд, кој со сигурност ќе биде прифатен од охриѓани.
Станува збор за т.н. Хард дисконт, односно маркет со лимитиран број производи, кои ќе се продаваат по исклучително ниски цени.
– Ќе понудиме асортиман од само 350 најосновни артикли, кои ќе се продаваат по екстремно ниски цени и ќе ги има само во овој дисконт. Ќе има многу производи под брендот на „Тамаро“ и сето тоа на задоволство на нашите верни купувачи, порачуваат од „Тамаро“ маркетите.
Маркетот ќе работи на околу 400 м2 и се наоѓа веднаш до „Тамаро 6“ маркетот на улицата „7-мо Ноември“, во склоп на фабриката „Братство“. Ќе работи од 11:00 до 19:00 часот и има 45 слободни паркинг места за купувачите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива