Економија Избор Охрид

До крајот на јули промотивни услови за клиентите на Охридска банка за аплицирање за НАЈ НАЈ Кеш кредитот

Охрид, 9. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридска банка Сосиете Женерал воведе нови промотивни услови за клиентите кои во претстојниот период до 31 јули оваа година ќе аплицираат за НАЈ НАЈ Кеш кредитот.

Во рамките на промотивниот период, клиентите кои ќе го одберат НАЈ НАЈ Кеш кредитот со гарантирана каматна стапка за целото времетраење на кредитот, покрај поволните каматни стапки со вклучено кредитно животно осигурување, ќе бидат ослободени од административните трошоци и трошоците за апликација.

НАЈ НАЈ кеш-кредитот за физички лица е прв на пазарот според своите карактеристики, кој се одликува со стабилна и гарантирана каматна стапка за целото времетраење на кредитот.

За клиентите на располагање се три можности за фиксни каматни стапки, со различни промотивни каматни стапки за првите периоди на кредитот. Во зависност од желбите и потребите на клиентите, на располагање им се три понуди, односно,

– првата опција подразбира промотивно намалена каматна стапка од 5,75 % за првите 12 месеци и фиксна каматна стапка од 8,45 % од 13. до 95. месец;

– втората опција подразбира промотивно намалена каматна стапка од 6,10 % за првите 24 месеци и фиксна каматна стапка од 8,25 % од 25. до 95. месец; и

– третата опција подразбира промотивно намалена каматна стапка од 6,45 % за првите 48 месеци и фиксна каматна стапка од 7,75 % од 49. до 95. месец.

Каматните стапки се валидни со вклучување на кредитно животно осигурување со осигурителна премија од 0,85 % годишно од износот на кредитот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави