април 10, 2017

Охрид, 10. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Црвен крст Охрид во рамките на програмата Проект за хумани вредности, со цел да помогне на самохрана мајка од Охрид со две мали деца, вечерва ќе организира Хуманитарен концерт.

Концертот ќе се одржи од 20 часот во НУ Центар за Култура „Григор Прличев“ Охрид. На концертот ќе пеат повеќе охридски талентирани младинци, а дополнително за забавата ќе се погрижат Студиото за танц „Соната“ и комичарот Никола Тодороски.

Влезницата изнесува 50 денари, а може да се купи кај волонтерите од Црвен крст или на врата во центарот за култура.

Програмата Црвен крст во Акција – Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) претставува национална алатка за привлекување и задржување на волонтери во Црвениот крст на Р.Македонија. Истата се имплементира во сите Општински организации на Црвен крст и на годишно ниво обучува околу 1200 младинци, потенцијални волонтери во организацијата и 40 дисеминатори кои работаат со младинците. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука