април 10, 2017

Охрид, 10. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Младиот охридски велосипедист Левент Рифат освои 3 место на КУП на Македонија во друмски велосипедизам – Трофеј Кичево 2017/CFM.

Левент возеше во категоријата елит, на трасата Кичево – Прилеп – Кичево. Тој возеше за клубот Adrenalin Cycling од Гостивар.

Организатор на трката е Велосипедска Федерација на Македонија и ВК „Спид бајк“ Кичево. Освен од Македонија учествуваа и велосипедисти од Бугарија.

Рифат во изминатите години повеќе пати бил победник на велосипедски планински трки во Македонија, а има освоено и други награди и признанија за неговото учество на друмски трки. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Левент Рифат

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука