Охрид, 10. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на Велигденските празници и оваа година во Охрид ќе се одржи Велигденски саем.
На 13 и 14 април, на просторот кај Чинарот на повеќе штандови ќе бидат изложени велигденски украси , ракотворби и традиционални специјалитети. Организатор е ЈП “Градски пазар”.
Заинтересираните производители и занаетчии кои сакаат да бидат дел од саемот и да ги изложат своите производи, можат да се пријавуваат до среда, 12 април во просториите на јавното претпријатие.
Саемската манифестација е предвидено да зпочне во 11 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 24