Струга, 10. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Советот на манифестацијата „Струшки книжевни средби“ – Струга, одлучи лауреат на големата награда „Книжевна далга“ што ја доделува Здружението „Бран“ и Ревијата „Бранувања“ од Струга за 2017, да биде поетот Ристо Василевски.
Наградата се доделува за личниот придонес во афирмацијата на балканските книжевни вредности во светот и за воспоставување нови патишта на соработка.
Лауреатот академик Василевни наградата „Книжевна далга“ ќе ја прими за време одржувањето на манифестацијата „Струшки книжевни средби“, 2017 г., што по седми пат ќе се одржи во Струга.
Академик Ристо Василевски, (1943)с.Наколец (Македонија), пишува песни, есеи, книживни критики, романи… Автор е за деца и возрасни, а пишува на македонски и српски јазик. Објавил преку 100 наслови, а автор е на повеќе од 300 авторски трудови. Составувач и издавач е на бројни антологии на македонски и српски јазик. Сопственик е на издавачката куќа „Арка“ од Смедерево, Србија. Преведен е на сите позначајни јазици и добитник на повеќе од 50 награди. Член е на Македонската Академија на науките и уметностите, на Славјанската Академија за книжевност и уметност во Варна (Бугарија), на Меѓународното здружение на писатели и публицисти во Рига(Латвија),на Друштвото на писателите на Македонија, на Здружението на писателите на Србија и на Здружението на преведувачите на Србија. Основач е на поетскиот фестивал „Смедеревска песничка јесен“ и уредник на списанието „Видело“, „Монс Ауреус“ и „Книжевне новине“.
Академик Ристо Василевски добитник е на голем број награди и признанија – Посебно признание на Владата на Република Србија за врвен придонес во националната култура, како и на над педесет други мошне значајни, домашни и меѓународни награди и признанија, меѓу кои се и: „Браќа Миладиновци” на Струшките вечери на поезија; Мала Нобелова награда, Кристално перо и Златен медал „Андреј Бел” (Русија), Големата меѓународна награда „Григориј Сковороди” и Николај Гогољ“ (Украина), „Атлант на словенството” на Академијата на словенски литератури и уметности и Големата награда „Летачко перо” (Варна, Бугарија); Европската награда „Balkan şi Europa”, Големата награда „Никита Станеску”, Наградата на Светскиот фестивал на поезија „Михај Еминеску”, Наградата „Балканика” и сребрените плакети „Никита Станеску” и „Михај Еминеску” (Романија), „Тhе Nai Naaman Price” (Либан); Почесното „Рациново признание”, Јубилејното признание на Струшките вечери на поезија и наградите Златен прстен, Poeta Laureatus и, Златна лира (Македонија); Специјалното признание за најголем издавачки потфат на Меѓународниот белградски саем на книги, наградите: „Милан Ракиќ”; „Караѓорѓе”; „Србољуб Митиќ”; „Раде Обреновиќ” на Змаевите детски игри, „Захарија Орфелин”; „Печат на кнез Лазар”; Наградата на ослободување на Смедерево; Златната плакета на Националнот совет на македонската национална заедница во Србија, и многу други.
Ристо Василевски живее во Смедерево(Србија) и Преспа (Македонија).
Досегашни добитници на ова високо меѓународно признание се Мерсиха Исмајлоска (Македонија), Миљурко Вукадиновиќ (Србија), Вања Ангелова (Бугарија и Олга Лалиќ Кровицка (Полска). (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива