Мадрид, 11. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерите на Реал Мадрид и Барселона, Кристијано Роналдо и Нејмар, поради неспортско однесување, би можеле да го пропуштат најголемото дерби на шпанскиот фудбал.
Двајцата неспортски се однесуваа кон главните судии на натпреварите Реал-Атлетико и Малага-Барселона.
Роналдо исфрустриран од резултатот во дербито против Атлетико, во финишот на мечот влезе во вербален дуел со судијата Де Бургос, додека Нејмар, во поразот на Барселона од Малага,доби црвен картон и во моментот кога го напушташе теренот, иронично ракоплескаше кон четвртиот судија. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 18