април 11, 2017

Охрид, 11. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во февруари годинава во Охрид биле издадени 6 одобренија за градење.

Предходниот месец имаше зголемување на одобренијата за градба, додека во февруари, според државната статистика, има намалување.

Предвидената вредност на објектите изнесува 252 милиони и 502 илјади денари.

Поголем број на одобренија им биле издадени на физички лица, вкупно 4, а само 2 одобренија на деловни субјекти. Според овие издадени одобренија, планирано е да се изгради само еден стан со вкупна корисна површина од 105 метри квадратни. Станот ќе биде четирисобен. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука