Охрид, 11. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Овој петок,14 април, специјално Велигденско издание на театарската импровизација “Импровокација”.
Ова е петта епизода од втората сезона на забавното шоу. И овој пат “импровокаторите” ви се добро познати, актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски, со поддршка на Филип Ангеличин Жура.
Картите за шоуто веќе се пуштени во продажба во музичката продавница ЗиЗи Топ.
Цената во претпродажба е 150 денари, додека на денот на шоуто ќе чини 200 денари. Почетокот е закажан за 20 часот, на алтернативната сцена во подрумските простории на Ценратот за култура “Григор Прличев”. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 21