Струга, 12. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Утре со почеток во 20:00 часот, во холот при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, ќе се одржи хорски концерт на мултиетничкиот вокален ансамбл „Симбиоза“.
Идејата на „Симбиоза“ се јавува во форма на мултиетнички, мултикултурен и образовен проект кој произлегува од секојдневната соработка на двајца млади просветни работници, Дамјан Темков (композитор) и Бехар Весели (диригент). Проектот „Симбиоза“ досега има реализирано шест концерти на реномирани фестивали.
Влезот за утрешниот настан е бесплатен.
На програмата ќе се најдат делата: “Parahodot / Na leu dielli“ (македонски/ albanian), “Stade se cvijeche rosom kititi“ (croatian / serbian / bosnian), “Hava nagila / Wein aa Ramallah / Eretz zavat chalav“ (hebrew / arabic /hebrew), “Auf de schwab` sche Eisenbahne / Kalinka“ (german / russian), “Jasmin flower / Sakura“ (chinese / japanese), “Down by the riverside / La bamba“ (english – american / spanish – mexican) и “A kan uje ato burime / Ne si go prodavaj Koljo“ (albanian / македонски). (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива