април 12, 2017

Монако, 12. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Меѓународната атлетска федерација им дозволи настап на уште седум руски атлетичари, на престојните натпреварувања, но под неутрално знаме.

Русија во ноември 2015 година доби суспензија од сите меѓународни натпреварувања, а само атлетичарите кои добија дозвола од федерацијата можеа да се натпреваруваат, но под неутрално знаме.

Поради систематскиот допинг Русија не учествуваше на ОИ во Рио де Жанеиро, а по завршувањето на игрите суспензијата беше продолжена. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука