Дортмунд, 12. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Германските полициски органи соопштиле дека во близина на автобусот кој ги превезувал фудбалерите на Борусија Дортмунд се случиле три експлозии и дека мотивите за нападот засега не се познати.
Германските медиуми јавуваат дека нападот бил планиран и дека блиндираните стакла на авотбусот спречиле поголема трагедија, а самото возило било оштетено на две места.Со исеченици на раката се здобил фудбалерот Марк Бартра кој синоќа бил опериран.УЕФА синоќа го одложи натпреварот, а истиот ќе се одигра денеска со почеток во 18:45 часот.
Останатите два полуфинални натпревари помежу Баерн Минхен-Реал Мадрид и Атлетико МАдрид-Лестер се во терминот од 20.45 часот. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: Б92
Прочитано: 16