април 12, 2017

Куманово/Охрид, 12. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Утре со почеток во 20 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев “ – Куманово ќе биде отворена изложбата „Филигранска конгломерација“ од авторката Викторија Симакоска од Охрид.

Викторија Симакоска е родена во Охрид на 11 јуни 1963г. Средното образование го завршила во Скопје-Стенодактилографско и доквалификации. Во младостa работела во фабрика за текстил, се обидела во многу области, успешно водела угостителски објект, но сепак се пронашла себеси во филигранството.

За својата работа Симакоска ќе каже:

– Кај мене се роди љубовта кон филиграните, желбата се зголемуваше додека ги истражував и осмислував начините за насликување и обработка на филигранот и негово преобликување во слика изработена со срмен конец. Направив повеќе дела со кои ќе ја организирам првата изложба, прикажувајќи ја уметноста на филигранство во Македонија. Со своите дела пред пошироката јавност за прв пат се појавувам во 2001г., во Домот на културата „Браќа Миладиновци“ – Струга, иако со оваа уметничка изработка се занимавам од поодамна.

Симакоска има добиено бројни награди за филигранската дејност.

Покрај филигранот изработува и икони, пејзажи, портрети и сл. Досега реализирала повеќе самостојни изложби: 15 октомври 2001г. во Струга; 21-30 јули 2003г. во Струга; 19 декември 2001г. во Охрид; 4 јуни 2002г. во Скопје, 6. 8 септември 2002г. – Виница, 6 јули 2002г. „Гранит“ – Охрид, 24 мај 2002г. „Дрим“ – Струга, 20 август 2002г. -//- Струга, 25 септември 2002г. „Метропол“ –Охрид (2 месеци). Исто така нејзините филиграни биле дел и од групни изложби и саеми во Охрид, Струга, Монфалконе – Италија; Русе – Бугарија и Поградец – Албанија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука