Охрид, 13. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Деновиве Охрид е „магнет“ за туристи од Грција и Бугарија, кои ќе останат за Велигденските празници, но има и гости од Албанија, кои го прославуваат католички Велигден, кој годинава се поклопува со православниот празник.
– Најмногу гости за Велигден ќе имаме од Грција, потоа од Србија. Годинава ќе има и доста домашни туристи од повеќе градови. Капацитетите се пополнети, вели Марјан Николески, директор за храна и пијалоци во хотел „Аквалина“ – Охрид.
Според туристичките агенции, странските гости за празниците доаѓаат во Охрид, додека домашните патуваат само ден – два пред Велигден, а за празникот се дома.
– Кај охриѓани има интерес за еднодневни тури, за најпопуларните дестинации за Острошки манастир, Метеори, но и за островот Крф. Најголем број на туристи кои се во посета на Охрид за Велигден се од Србија, Грција и Бугарија. Од Албанија, исто заради католички Велигден, се очекуваат посетители. Домашните туристи празникот традиционално го прославуваат дома, но, ете, странските туристи сакаат да патуваат, вели Драгана Ристеска, директорка на Туристичката агенција „Венус травел“ од Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива