Лондон, 13. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Фернандо Алонсо нема да учествува на трката за ГН на Монако, во Монте Карло, бидејќи на 28.мај ќе се натпреварува на трката Индијанаполис 500.
Двократниот светски првак во Формула 1, Фернандо Алонсо, прв пат во кариерата ќе вози на најголемата автомобилска трка во САД и ќе се обиде да ја освои тројната круна, односно да има победи во Монако, Индијанаполис 500 и 24 часа Ле Ман.
Мекларен ја потврдил информацијата дека Алонсо нема да вози во Монте Карло, но не соопштил кој ќе го замени Шпанецот. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 17