Охрид, 13. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 58-годишниот охриѓанец М.Д., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување судска одлука“.
Тој со судско решение издадено од Основниот суд Охрид имал забрана да врши семејно насилство. И покрај тоа, пријавениот продолжил да ја малтретира, вознемирува, навредува и физички да ја напаѓа неговата 81 годишна мајка, да оштетува и фрла предмети од домот и да врши семејно насилство од секаков вид.
На 17-ти февруари оваа година, пријавениот во присуство на малолетни членови од семејството, започнал повторно со вознемирување, малтретирање. Упатувал закани кон неговата мајка по што физички ја нападнал. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 23