април 13, 2017

Охрид, 13. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – На програмата на Регионалната О2 телевизија, вечерва во терминот од 20:45 часот ќе се емитува финалето на Талент шоуто Ohrid SUPERSTAR.

Во неделата се одржа и големото финале, кога од 7-те најдобри кои го обезбедија билетот за финалето, Ирма Гогова стигна до титулата прв охридски SUPERSTAR. Покрај неа, во финалето се натпреваруваа: Емилија Петровска, Андреа Јованоска, Ивана Коскоска и Билјана Буџакоска, како избор на жири комисијата и танцовата група „The Passengers“ и Светлана Вељаноска како избор на публиката.

Во организација на Супер радио и поддршка од охридските „Тамаро“ маркети изминативе 2,5 месеци, талентите од Охрид и Струга имаа можност да бидат дел од првото вакво шоу во регионот.

– Ова беше исклучително важно и големо искуство за нас. Во пресрет на 25-тиот роденден, Ohrid SUPERSTAR, како дел од другите проекти со кои ќе го одбележиме овој значаен за нас роденден, беше една нишка од проектите со кои ќе го прославиме. Она што можеме да го кажеме сега, откако слегнаа и страстите и импресиите, е дека имаме одличен проект, кој ги надмина и нашите очекувања. За останатите делови од нашата роденденска прослава која ќе трае цела година наскоро повеќе, а се надеваме и дека Ohrid SUPERSTAR нема да застане тука на првото издание, порачуваат од Супер радио. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука